Ја обработиле песната на Анастасија: Солзи ќе ви течат од смеа на новите зборови на хитот на Ражнатовиќ

20.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ја обработиле песната на Анастасија: Солзи ќе ви течат од смеа на новите зборови на хитот на Ражнатовиќ

Анастасија Ражнатовиќ реди хит за хит, и после песната “Совршен пар“ ја објавила песната “Ране“ која моментално се наоѓа на прво место на трединг јутјуб каналот. Поради својата популарност очигледно била и богат материјал за обработка со што непознати музичари чиј состав зе вика “Лудаци из кукуруза“ ја обработиле.

Солзи ќе ви течат од смеа кога ќе ја слушнете оваа пародија на песната на Анастасија... Во главната улога е девојка која опелала што се може да направи со што песната на Анастасија добила сосема нова димензија.

Наместо рефренот: “Ова мала је ко камен, она зна како да падне. Заволи па иде даље, једина љубав више-мање. Ова мала је ко камен, теби даје да га сломиш, ал са ове стране ране, она само би да је волиш“, новите зборови звучат: “Ова мала чисти јаме, истовари шлепер сламе. Савет добила од маме, Је*еш љубав чувај краве...“

Оваа пародија на песната “Ране“ се проширила на интернет, а многумина слатко се изнасмеале, што вероватно тоа го сторила и Анастасија чија песна до сега има скоро 24 милиони прегледи.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата