Вардар 1961 заврши со настапите во Лигата на шампионите. Македонскиот тим и на реванш мечот од осминафиналето беше совладан од Веспрем, овој пат со 39-30 (20-15). Унгарскиот првак за место на Ф4 завршницата ќе се бори против Нант на Кирил Лазаров, додека „црвено-црните“ остануваат да се борат за двата трофеи во домашниот шампионат и место на завршницата во СЕХА-лига.

Сликата во Веспрем е реална, силите на овој Вардар се тие, оние шампионски денови се минато, унгарскиот состав е класа.

Само во воведните минути имаше изедначена битка, македонскиот претставник еднаш поведе со 1-2, домаќинот го наметна своето препознатливо темпо, а одбраната на Вардар 1961 немаше решение. Најголемата позитива беше од шест гола (20-14), на полувремето резултатот беше 20-15.

До крајот беше чиста формалност. Ниту Вардар имаше сили, ниту пак Веспрем дозволи поинакво сценарио, целата на Давид Дејвис и неговите момци беше убедлива победа и на домашен терен. Во 40. минута беше 30-20, Алушовски се обиде со „седум на шест“, но тоа не вроди плод.

Стоилов и Дибиров имаа по пет погодоци, Ристовски запиша осум интервенции, на другата страна Дејан Манасков запиша два гола, додека Нилсон и Шишкарев имаа по шест.

sportmedia.mk