Јасно е дека во Баерн Минхен спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и тренерот Ханс Флик, не се согласуваат. Наводно „чашата се прелила“ на натпреварот со Лацио, кога во клупскиот автобус Флик го нападнал Босанецот дека не се прашува ништо за новите засилувања.

Баерн Минхен мора да одлучи меѓу нив двајца, за доброто на клубот, а според „Билд“, изборот на тимот паднал на Салихамиџиќ, односно на него да му даде поддршка.

Неофицијално, на Флик, пак, му бил даден рок до крајот на сезоната да го смени ставот и да ги смири страстите, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе мора да замине.

Флик се споменува како заменик на Лев на селекторската позиција на „Баварците“ по завршувањето на ЕВРО, па можеби и нема така тешко да му падне разделбата со „Баварците“.

sportmedia.mk