Поранешниот фудбалер на Вардар, Дејан Бранковиќ, денеска е назначен за нов селектор на Србија до 19 години. Тој досега ја извршуваше функцијата на селектор до 17, а сега оди ниво погоре, и практично ќе ја предводи истата генерација.

Бранковиќ од 2002 до 2006 беше дел од Вардар, во миговите кога клубот испиша историја со елиминацијата на ЦСКА Москва, и кога стигна до 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Одигра повеќе од 80 меча за Вардар, а потоа се врати во Србија, па замина во Азербејџан, и кариерата ја заврши во Финска.

sportmedia.mk