Во пријателски натпревар попладнево на ФФМ во Скопје, женската А репрезентацијата на Македонија беше убедливо поразена од селекцијата на Косово со 1:3. Голот за нашата репрезентација беше дело на Максути во 60.минута за намалување на резултатот на 1:2. Инаку гостинките своите голови ги постигнаа во 39., 56.и 85.минута со што победија со 3:1.

Веднаш да кажеме дека селекторот на нашата репрезентација, Кирил Изов, на овој меч не можеше да смета на своите најдобри фудбалерки, интернационалките. Па затоа шанса добија фудбалерки кои досега не беа во преден план како и оние кои веќе немаат право да играат за младата селекција на Македонија

Македонија со Косово ќе одигра уште една ваква средба и тоа на 11 април, исто на ФФМ со почеток во 13 часот.

sportmedia.mk