Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ се проба и во светот на филмот откако ја доби улогата на римски легионер под името „Антивирус“ во новиот филм со „Астерикс и Обеликс“ чија премиера е закажана за идната година.

Ова го објави самиот Ибрахимовиќ на социјалните мрежи. Снимањето на филмот беше планирано за минатата година во Кина, но беше одложено поради пандемијата со коронавирусот. Сега филмот ќе биде снимен и завршен идната година кога ќе биде и премиерата.

Го видовме како фудбалер, да го видиме како се снаоѓа во глума.


sportmedia.mk