Дуелот на дното на табелата во плеј-офот заврши без победник.

Струга на домашен терен го пречека Еурофарм Пелистер 2, овој натпревар заврши со резултат 24-24 (13-14).

За вториот тим од Битола ова беше прв бод по серијата од три порази додека пак стружани го запишаа второто реми по Металург.

Николиќ и Ракочија со по шест гола беа први стрелци кај Струга,  Петровиќ со девет гола беше најдобар кај Е. Пелистер 2.

sportmedia.mk