Илија Јанкулов, резервниот голман на Кожуф е казнет од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ, со шестмесечна суспензија. Неговата вина е во тоа што тој бил иницијаторот на инцидентот во Гевгелија на мечот меѓу Кожуф и Осогово, односно по завршувањето на истиот. Инаку против Кожуф, како организатор на средбата, се поведува постапка.
ФК Дрита е казнета со 2.000 евра поради слаба организација на средбата со Гостивар, каде по мечот имаше голем инцидент, во кој барем според изјавите на гостите, тие биле нападнати од службени и неслужбени лица. Поради слаба организација казнета е и Плачковица со 2.000 евра.
По еден меч се суспендирани играчите кои заработија црвени картони во полуфиналните мечеви во Купот на Македонија, Китановски (Македонија ЃП), Ферати (А. Пандев) и Јахја (Струга ТЛ).
sportmedia.mk