Напаѓачот на Барселона Антоан Гризман денеска по трет пат стана татко. Без оглед на важноста на саботното „Ел Класико“ францускиот фудбалер доби два слободни денови, затоа што го чекаше раѓањето на своето трето дете.

Интересно и веројатно за Гинис, трите дена на Гризман му се родени на ист датум 8 април! Најпрви пред една деценија ја доби ќерката Мија, а пред две години му се роди синот Амаро. Третото дете ќе го носи името Алба.

sportmedia.mk