Кичевец злоупоребил лични податоци на лице со здравствени проблеми и подигна кредит од правен субјект без негова согласност. Полицијата за сучајот поднесе кривична пријава.

ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против А.К.(48) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

-Пријавениот ја искористил електронската пошта сопственост на лице со здравтсвени проблеми и без да го запознае и да добие одобрение во негово име склучил договор со правен субјект за подигнување на парични средства во вид на кредит. Откако кредитот бил одобрен, од трансакциската сметка сопственост на оштетеното лице, тој ги подигнал паричните средства и ги употребил за сопствени потреби, информира  Стефан Димоски од СВР Охрид.