Тимот за истрага и идентификација (ИИТ) на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) може да објави започнување друга истрага за наводна употреба на хемиско оружје во Сирија, изјави првиот руски заменик-постојан претставник во ОН, Дмитриј Полјански, на седницата на Советот за безбедност, пренесува ТАСС.

Според Полјански, иако претходниот извештај на ИИТ  бил темелно демантиран од независни експерти, техничкиот секретаријат на ОЗХО постојано замижува на оваа критика.

„Очигледно, ова е знак дека пред големото театарско финале, ИИТ ќе ни направи уште едно изненадување со пријавување нова псевдоистрага и нејзините антисириски резултати“, рече тој.

Дипломатот од Русија исто така изрази увереност дека Западот ќе побрза да го протолкува тој бескрупулозен производ како наводен доказ за употребата на хемиско оружје од Дамаск.

„Дозволете ми да ве обесхрабрам велејќи дека тоа навистина ќе докаже само една работа. Ќе докаже дека вашите методи за напад на Дамаск без да обезбедите какви било потврдени или уверливи докази останаа приближно исти и дека тешко дека би освоиле дополнителни поени за тоа”, рече тој.

makfax.com.mk