Вакцината на Астра Зенека во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За вакцинираните во Србија ќе се чекаат нови препораки или ќе се ревакцинираат со други вакцини, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300.000 вакцини, од нив најголем дел од Кина.

По проценката на Европската агенција за лекови, ЕМА, дека вакцината на АстраЗенека сепак е поврзана за ретки нус појави кои можат да предизвикаат тромбоза, Европската Комисија бара обединет став во земјите членки на ЕУ. Засега секоја земја членка сама одлучува дали и како ќе ги користи вакцините, меѓу кои и АстраЗенека.