Skip to main content
x

8 Apr 2021 - 14:10
redakcija
Статија

Европскиот глас на граѓанското општество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институт на Европска Инвестициoна Банка, денес ја објавија листата на 7-те најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021, а меѓу нив е и Зградата на Централна Пошта во Скопје.

На листата се и Железничката пумпа на пареа во Ахенси во Австрија, Комплексот на гробишта во Мирогој, Хрватска, Петте Јужно-Егејски Острови во Грција, Градината Џусти во Верона, Италија, Манастирот во Дечани, Косово и Капелата Сан Хуан де Сокуева и Ермитаж, Кантабриа, Шпанија.

Објавата на 7-те најзагрозени локалитети во 2021 година беше најавена на дигитален настан.

„Целта на нашата Листа на 7 -те најзагрозени за 2021 година е да алармира за сериозната закана со која се соочуваат овие локалитети. Од извонредниот средновековен манастир до прекрасната ренесансна градина, од индустриски и модерни конструкции до иконски културни пејсажи: овие локалитети се важни сведоштва за нашето заедничко минато, меморија и идентитет“, рече Гај Клаус, заменик претседателот на Европа Ностра.

7-те најзагрозени локалитети за 2021 година беа селектирани од Бордот на Европа Ностра од 12-те локалитети кои беа избрани од панел на интернационални експерти. Селекцијата беше направена врз основа на извонредното значење на наследството и културната вредност на секој локалитет, како и врз основа на сериозната опасност со која се соочуваат. Избраните 7 најзагрозени локалитети се квалификувани за ЕИБ грант за наследство до 10.000 еврапо локалитет.

Централната пошта е објект со модернистички и бруталистички архитектонски стил од повоената ера. Дизајниран е од македонскиот архитект и уметник Јанко Константинов и е финализиран во 1974 година. Исклучително моќната структура на објектот е изработена од армиран бетон, во форма на цвет од лотос. Неговата форма на лотос беше наменета да ја симболизира реконструкцијата на градот Скопје по силниот земјотрес што предизвика разурнување на градот и неговата инфраструктура во 1963г.

Зградата преживеа огромен пожар во 2013 година. Првичното застаклување на куполите и муралите на дизајнерот на ентериерот Борко Лазески, како и специјално дизајнираните мебел и осветлување, беа целосно уништени или претрпеа сериозна штета.

Објектот на Централната пошта, вклучувајќи ги нејзините главни ентериерни и ѕидни обработки, денес е уште повеќе загрозена од неупотреба и влошување, засилено со присуството на поткопување од ерозијата предизвикана од покачување на подземните води поради непосредната близина на реката Вардар. Бидејќи зградата сеуште е без покрив, таа страда од директната изложенст на атмосферски влијанија со врнежи од дожд и снег кои продираат во целата нејзина внатрешност.

Номинацијата на Централната пошта за програмата 7-те најзагрозени во 2021 година беше поднесена од Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) од Скопје.

makfax.com.mk