А прогласија епидемија во цела држава - во охридската болница нема вакцини против морбили

20.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
А прогласија епидемија во цела држава - во охридската болница нема вакцини против морбили

Во период кога на целата територија на Македонија е прогласена епидемија од морбили и кога беше соопштено дека ниедно невакцинирино дете нема да биде примено во градинка, а предложено беше и минималната возраст за вакцинирање да се намали од 12 на 6 месеци, неофицијално дознаваме дека во Општата болница во Охрид нема вакцини против морбили.

Нашите извори велат дека здравствените работници на родителите им велеле вакцините да си ги набават од странство.

Ова е уште еден удар за здравството во Охрид кое и онака беше на дното.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата