Џиновски гуштер од речиси два метри влегол во супермаркетот „7 Eleven“ во Тајланд и одлучил да направи пустош, буткајќи ги производите од полиците.

Споделено од страна на тајландската туристичка агенција „Mundo Nomada“, видеото прикажува како азискиот гуштер конечно одмара на горната полица од супермаркетот и ја набљудува околината.

Овие гуштери живеат во канали во големите градови во Тајланд, а се хранат со риби, змии, жаби и остатоци од храна од луѓе.

Тие се агресивни кога чувствуваат закана, а нивното каснување може да предизвика сериозни инфекции поради бактериите што се пренесуваат.

Видеото објавено на Фејсбук е прегледано над 600.000 пати, а има и преку илјада коментари.