Белграѓанката М.Р., директорка на српски дневен весник и долгогодишна љубовница на Вељко Беливук била испрашувана како дел од финансиската истрага против Беливук.

Таа е обвинета за кривично дело перење пари во корист на бандата на Беливук, но прифатила да биде соработник, сведок во постапката против неговата мафијашка банда по што добила и полициско обезбедување

Полицијата се сомнева дека Веља Невоља ја легализирал готовината што ја заработил од шверц на дрога, рекетирање, изнуда преку неговата љубовница и уште неколку блиски луѓе.

При претрес во станот на М.Р., полицијата заплени копјутери и документи од неколку компании преку кои Беливук перел пари. Исто така, одземени се пет телефони, од кои еден ја имал апликацијата „Скај“ за шифрирани пораки и тајна комуникација.