Српската актерка Мерима Исаковиќ откри дека е уште една жртва на српскиот актер Бранислав Лечиќ.

Впрочем Мерима на своја 21 година доживеа несреќа и остана неподвижна, а пред несреќата остварила голем број успешни улоги. Таа е позната и како актерка која со години ја играше сестрата на Жарко Лаушевиќ во претставата „Стаклена менажерија“.

Мерима, која се запишала на глума на само 16 години, се преселила во Австралија по несреќата која засекогаш ѝ го променила животот и сега работи како психолог. Во интервју за „Сербиан тајмс“, а пренесува „Недељник“, таа раскажала како се чувствува во врска со случајот со Даниела Штајнфелд, која го пријави Лечиќ за силување.

А, пред тоа, таа рекла дека Лечиќ ја силувал и неа кога имала само 18 години, додека тој имал 22:

– Имав 18 години. Ме втурна во станот: „Не обидувај се да врескаш, никој нема да те слушне“, ме собори на подот. Почувствував како ме крши, секоја коска ме болеше. Само не вака. Те молам, Боже! – раскажала Мерима.

– Го чувствувам тој здив, мирисот на гнилеж. Застрашувачки поглед. Празен и црн. Очи без душа. „Дали знаеш кој сум јас? Треба да ти биде чест што те посакувам“. Страшна болка, се извиткува како некоја змија. Ми го соблече фустанот, се обидува да ми ги рашири нозете. Како клешта да ме крши… Ако успее, ќе умрам вечерва… Мил Боже, не вака, само не вака. Сè што ќе се случува понатаму, е како игра на смртта. Стравот што вреска во мене, додека тој се засладува со мојата беспомошност. Чувствувам потреба денес да ја кажам вистината и го молам народот внимателно да го прочита ова – се присетила Исаковиќ.