Лондонски Челзи се враќа со голема победа од Севилја на гостувањето кај Порто во првото четвртфинале од ЛШ. „Сините“ на Томас Тухел славеа со 2:0 и со една нога исчекорија кон полуфиналето.

Челзи тргна со притисок кон голот на Порто од првата минута, но првите десетина минути минаа без конкретна шанса за гол. Првата за домашните дојде во 13. минута кога Урибе биеше од полуволеј и за малку не успеа да го совлада Менди.

Во 23. минута Порто можеше да погоди од корнер, но со последни сили Менди спаси водство на домашните. Челзи успеа да воспостави теренска контрола, а во 32. минута успеа и да поведе. Извонредна реакција на младиот Маунт и прецизен шут за водство од 1:0 за лондончани.

Пепе имаше уште една одлична шанса за Порто, но неговиот удар со глава во 41. минута Менди успеа да го одбрани.

Во првите пет минути од вториот дел, Порто ја имаше и првата голема шанса за израмнување. Во 50. минута Марега се проби пред Ридигер и успеа да биде од непосредна близина, но Менди уште еднаш одлично интервенираше. Челзи до средина на вториот дел беше практично без игра, па Тухел го повлече германското дуо од нападот, Вернер-Хаверц, и на нивно место ги внесе Жиру и Пулишиќ. Порто го држеше под притисок гостинот, но не успеа да реализира ниту една од неколкуте добри можности за израмнување.

Во завршницата од мечот, кога Порто се обидуваше да израмни, една грешка во домашната одбрана, Чилвел ја искористи, го мина и голманот и погоди за 2:0.

ПОРТО – ЧЕЛЗИ 0:2

sportmedia.mk