ПСЖ и Челзи заминаа на пауза со гол предност во дуелите со Баерн (М) и Порто и тоа на гостински терен во вечерашните први четврфиналени средби од ЛШ.

ПСЖ во реприза на финалето од ЛШ од минатата сезона, одлично го отвори мечот во Минхен и многу подобро се снајде на очигледно проблематичниот терен поради снегот кој постојано паѓаше во првиот дел. Мбапе отвори рано во 3. минута, а Маркињос зголеми на 2:0 во 28. минута. По неколку пропуштени шанси, Баерн намали преку Чупо-Мотинг во 37. минута.

 

Челзи води во Севилја против Порто во првото полувреме со голот на Маунт во 32. минута. И домашните имаа свои моменти, но не успеаја да реализираат ниту една од неколкуте убави можности за гол.

 

sportmedia.mk