И официјално Кирил Лазаров е новиот рекордер во Лигата на шампионите по бројот на настапи во ова натпреварување. Нашиот најдобар ракометар и предводник на македонската репрезентација, против Келце го игра 250 натпревар.

Лазаров е сам на врвот пред Арпад Штербик, кој има еден натпревар помалку од македонската гол-машина.

ЕХФ го нарече ИКОНА, и со право. Лазаров е најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите веќе одамна (има 1.369 гола), а од денеска се најде на врвот на уште една Топ-листа. Има кариера за која многумина можат да сонуваат, на 40. години игра врвен ракомет, тој и натаму е страв и трепет за противничките голмани.

Својата љубов кон ракометот, својата посветеност кон националниот дрес ја потврди неодамна, кога одлучи да го потроши секој атом сила, посветувајќи се како капитен, играч и селектор на македонската репрезентација.

Честитки капитене!

sportmedia.mk