Единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите, Вардар 1961 најверојатно утре ќе го одигра последниот меч за оваа сезона. По големата негатива на првата осминафинална средба во Скопје од 41-27 повеќе е јасно дека Веспрем ќе патува во следната рунда.

Во секој случај, ракометарите на Вардар 1961 ќе влезат максимално на реваншот, на своите фанови, на самите себе, си должат многу попристојно издание.

Стевче Алушовски и неговите момци веќе се во Веспрем, тие го одржаа единствениот тренинг пред утрешната средба која е закажана со почеток во 18:45 часот.

Вардар го одржа тренингот во Веспрем, каде утре од 18,45 часот го игра реваншот од осмина-финалето на Лигата на шампионите.

Posted by RK Vardar 1961 on Wednesday, April 7, 2021


sportmedia.mk