Бројот на заразени во Тетово расте од ден на ден, а до денеска се хоспитализирани 46 пациенти. Сега има само 10 слободни места.

„Овие две недели имаме зголемен пораст на бројот на пациенти. Во моментов имаме 46 хоспитализирани пациенти. Имаме околу 10 слободни места, и тие се менаџираат, а што се однесува до амбулантата, таму имаме зголемен број позитивни случаи кои бараат помош од инфектолозите“, истакна Гзим Нуредини, пренесува ТВ21.

Мобилната болница која е финансирана од Владата и која е во сопственост на општина Тетово, но изградена на просторот на Клиничкиот центар во Тетово, веќе неколку недели е завршена, но не е пуштена во употреба.

„Додека бројот на заразени во Тетово расте, мобилната болница се уште е затворена“, вели репортерот на ТВ21.

Нуредини вели дека оваа болница би помогнала многу, но се чека општинските власти заедно со Владата да им ги предадат клучевите.

„Таа се уште не е отворена, ние чекаме да ни ги дадат клучевите и официјално да можеме да да се организираме подобро во овој дел, но се уште можеби има некаков административен проблем штом се уште не сме известени“, вели Гзим Нуредини.

Оваа болница има 45 легла, две лаборатории и истата е изградена за третман на пациенти кои се заразени со Ковид 19. Една таква болница е изградена во Гостивар речиси во исто време и е пуштена во употреба на крајот на јануари.

Извор: ТВ21