Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари. Ова е второ покачување на цените на горивата оваа недела, откако на 5 април беа веќе еднаш покачени. Ова е 4 денари покачување за една недела. Ова е преседан и сигнализира дека власта не знае како да го полни буџетот па удира по народот велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Партиската испостава на Заев, која го регулира енергетскиот пазар ги покачи цените на горивата во сред недела, на само еден час пред почеток на полициски час. Граѓаните брзаат кон бензинските и се создаваат колони со возила. РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните. По покачените акцизи, константното покачување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани, се вели уште во партиското соопштение.