Неколку острови на Егејското море, ќе станат први области во Грција без Ковид-19, затоа што вакцинацијата се засилува во туристичките дестинации, и целта е да станат први целосно вакцинирани области. Властите ветиле дека 69 оствори ќе бидат целосно вакцинирани до крајот на април.

„Имаме многу мали острови. Затоа што на нив е тешко да дојдат до залихи, одлучивме да ја вакцинираме целата популација на нив во еден здив, и кога ќе примаат туристи да бидат во целост вакцинирани и заштитени“, рече челникот на министерството за здравство Мариос Темистоклеус.

Според планот, со помош на вооружените сили, испораката на вакцини на оддалечени острови ќе биде засилена во следниот период.