Е.Пелистер стави крај на лошата серија. Битолчани ја оправдаа фаворитската улога против Т.Пролет, на домашен терен го совладаа со убедливи 26-17 (12-6) во рамките на плеј-офот, и останаа на второто место на табелата зад лидерот Вардар.

Ракометарите на Е.Пелистер мечот го решија уште во првото полувреме, поведоа со 4-1 и 7-3, на полувремето позитивата беше 12-6. До крајот без проблем го завршија овој дуел, кој беше вистинска рехабилитација по лошиот период.

Т.Пролет го запиша вториот пораз, додека пак битолчани ова бепе трета победа.

sportmedia.mk