Кендал Џенер, модел и ријалити sвезда, ги почести своите следбеници на Instagram со привлечни кадри. Имено, популарната сестра на кланот Кардашијан-Џенер објави фотографии на кои позира разголена во минијатурно бикини.

Дека оваа сцена на многумина им се допадна, тврди и фактот дека сликата собра над осум милиони лајкови за само неколку часа. Прекрасната манекенка ја следат над 158 милиони луѓе на Instagram, а нејзините фотографии честопати имаат по милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Патем, моделот што го носеше Кендал е актуелен веќе неколку сезони. Иако е еден од најпровокативните модели, не излегува од списокот на трендови, а можеби клучот за неговата популарност лежи во тој предизвик.

Она што е особено интересно кај овој модел, поточно бојата, е што на прв поглед се добива впечаток дека моделот нема ништо на себе, бидејќи понудената нијанса се соединува со нејзиното тело.