Ова е ШАМПИОНОТ кој 120 пати ЈА ИЗМАМИЛ СВОЈАТА СОПРУГА. Страдаше, но се врати на врвот!

20.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е ШАМПИОНОТ кој 120 пати ЈА ИЗМАМИЛ СВОЈАТА СОПРУГА. Страдаше, но се врати на врвот!

Тајгер Вудс е дефинитивно најдобриот играч на голф на сите времиња, но освен со врвниот голф името на проблематичниот спортист е поврзанo и со низа негативни титули во неговиот приватен живот.

Иако Тајгер се обиде да се покаже како семеен човек со жена и две деца, се покажа дека има сосема друга темна страна и дека неговиот приватен живот е вистински хаос. Првиот голем скандал на Тајгер Вудс бил тоа кога како еден од најславните ликови ја потресе Америка и се случи во дворот на неговата куќа, кога неговата сопруга Елин Нордеген го претепа со палка за голф!

Во 2009 година беше кажано дека имал сообраќајна незгода, но подоцна било откриено дека автомобилот бил искршен со голф палка. Неговата сопруга, бесната швеѓанка открила дека Тајгер ја измамил со 21-годишна соседка со која се познавал уште од нејзината 14-годишна возраст, па сопругата одлучила да му се одмазди. Тајгер влегол во автомобилот за да се спаси од нападот, а неговиот кадилак бил уништен.

По ова скандалите се заредија како на филмска лента. Три келнерки, модел за долна облека, порно актерка ... само според она што е веќе познато голферот Тајгер Вудс 120 пати ја измамени својата сопруга! Стана предмет на прогон на американските фотографи и трагачи по скандали и тогаш, типично по американски - замина во институт за одвикнување од зависност - од секс.

 "Како дел од програмата за рехабилитација тој ги напиша имињата на сите 120 девојки со кои ја измамил својата сопруга, а соседката за која доби ќотек од сопругата исто така била на таа листа", објавија медиумите.

Проблемите на Тајгер Вудс, најдобар голфер на сите времиња и долго време најплатен спортист во светот не запреа со откривањето на скандалите. Под голем пристисок на уривање на кариерата и губење на семејството, тој стана и зависник од алкохол. 

Во 2010 година тој се согласи на големо понижување. Стоејќи со неговата мајка до себе мајката, Тајгер Вудс го прочита писмото за извинување до неговата сопруга, роднините, пријателите, до цела Америка, до обожавателите... читањето на писмото за опрост тареше цели 15 минути. Потоа испрати писмо до родителите на децата во училиштето на своите деца, извинувајќи се што тој и неговото семејство биле во епицентарот на скандалот.

Најпосле, ги загуби и спонзорите. 

Следеше одмаздата на неговата сопруга. Вооружена со тим од адвокати, предводена од нејзината сестра, таа ги наплати неверствата скапо - 100 милиони долари зема од сметката на Тајгер Вудс. По процесот што заврши во Мајами, тој испрати порака: "Јас ви простив".

Тајгер продолжил да се дружи со згодни со плавуши, а една од неговите жртви била и познатата скијачка Линдзи Вон. Се разбира, тие се разделија поради негова прељуба.

Се чини дека го допре дното кога беше уапсен во Флорида, во мај 2017 година заради возење во состојба на изменета свест. Беше пијан и дрогиран. Видеото покажува дека Вудс е целосно дезориентиран и не знае што прави. На крајот, полицаецот морал да му објасни дека треба да "дува" и да не "цица" во апаратот за контрола на алкохол!

Но, тоа е веќе минато. Тајгер Вудс по толку години се врати на врвот. Талентот за голф преживеал.

Неодамна, легендарниот играч на голф го освои Мастерс турнирот за голф, и по 11 години чекање победи на еден од четирите најголеми турнири во овој спорт. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата