Ако веќе сликате, нека биде добро. Ова се 10 СОВЕТИ ЗА ДОБРА ФОТОГРАФИЈА

20.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако веќе сликате, нека биде добро. Ова се 10 СОВЕТИ ЗА ДОБРА ФОТОГРАФИЈА

Добрата фотографија зависи од многу нешта. Неколку работи на кои можете да се фокусирате при фотографирањето можат да направат значителни подобрувања во вашето фотографско искуство. Ќе се задржиме на планирањето и одлучувањето за време на фаќањето фотки, што по некое време ќе ви стане природно и воопшто нема ни да размислувате додека го правите. Додека да дојдете до овој степен, имајте ги следниве 10 трикови на ум:

1. Размислувајте

Првата важна работа е да размислувате за вашата фотографија, да ја замислите во вашата глава пред да ја фатите. Откако ќе ја замислите комплетно фотографијата што сакате да ја направите, почнете да одите чекор по чекор за да го постигнете замисленото. Бидете трпеливи. Некогаш може да се случи да чекате неколку недели додека ја фатите совршената фотографија. Но, чекањето секако вреди.

2. Користете широкоаголни леќи

10 брзи трикови за подобра фотографија - Користете широкоаголни леќи

Обидете се да користите широкоаголни леќи ако сакате да оставите впечаток со големината на она што го фотографирате. Иако можете да фотографирате пејзажи со различни леќи, перспективата ќе биде најдобра доколку користите што поширокоаголна леќа бидејќи таа ќе овозможи поголем агол на гледање.

3. Изострете ги објектите

10 брзи трикови за подобра фотографија - Изострете ги објектите

Објектот што го фаќате мора да биде остар, прецизен. Острите детали во сликата ги привлекуваат очите на гледачите точно кон предметот. За да направите остра фотографија во услови на слаба светлина користете статив. Користете ги и ефектите на изострување достапни во додатокот Adobe Camera RAW, кој може да ви заврши одлична работа, особено последната верзија која има значителни подобрувања во однос на претходните.

4. Чиста позадина

10 брзи трикови за подобра фотографија - Чиста позадина

Позадината може или да ја направи или да ја уништи вашата фотографија, затоа внимавајте што ќе изберете како подлога за вашиот предмет. Позадината треба да биде чиста, едноставна и уредна. Мислете на тоа што треба да биде во фокусот на гледачот.

5. Никогаш не може да имате премногу облаци

10 брзи трикови за подобра фотографија - Никогаш не може да имате премногу облаци

Искористувајте ги буцкастите облаци на сина позадина за да продуцирате драматични неба. Ваквото време е исто така совршено за да правите портрети или да фотографирате водопади и реки со ефект на замаглување во движење (motion blur).

6. Зад секоја добра фотка стои сонцето

10 брзи трикови за подобра фотографија - Зад секоја добра фотка стои сонцето

Позиционирајте се така за сонцето да ви биде одзади и сончевата светлина да паѓа врз вашиот субјект. Освен ако не се обидувате да направите уметничка фотографија од сонцето, тоа треба секогаш да биде зад вас.

7. Светлосни траги

10 брзи трикови за подобра фотографија - Светлосни траги

Направете добри урбани фотографии во услови на рана зора или доцна навечер со оставање светлосни траги по нив. Користете ги возилата во движење или кој било извор на подвижна светлина за да додадете интересност, расположение и драматичност во вашите фотографии.

За да направите ваква фотографија, потребно е да ја поставите камерата на статив, да наместите долга експозиција и по можност да користите далечински управувач за да постигнете попрецизен резултат. Ваквите фотографии им се омилени на многумина.

8. Силуети

10 брзи трикови за подобра фотографија - Силуети

Клучот за сликање силуети е во чистата и осветлена позадина. Едноставно поставете го вашиот субјект во преден план така што ќе добиете чисти и остри линии и чкрапнете.

9. Од горе до долу

10 брзи трикови за подобра фотографија - Од горе до долу

Гледајте горе, потоа долу и на крајот истражете што сѐ се наоѓа помеѓу. Можат да се направат многу добри фотографии од секој агол, вклучително и од најнеочекуваниот. Некогаш се фокусираме премногу на она што е очигледно и го пропуштаме она што е толку посебно, а едноставно.

10. Апарат, а не митралез

10 брзи трикови за подобра фотографија - Апарат, а не митралез

Освен ако не се обидувате да направите акциона фотка или серија од фотографии кои прикажуваат како некој објект се менува со текот на времето, обидувајте се да правите помалку фотографии. Не пукајте цело време, очекувајќи дека ќе излезе нешто добро што подоцна ќе може да се поправи со обработка. Размислете, наместете се и прилагодете ја рамката за вашата фотографија. Кога ќе бидете подготвени, притиснете на копчето. Вака, ќе развиете подобри инстинкти и ќе зачувате многу од своето време кое инаку го трошите за да обработите стотици несовршени фотографии.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата