Лепа Брена проговорила за мотивот за вакцинирање против корона вирусот и признала дека тоа го направила и заради себе и заради другите.

– Имам години, имам деца, семејство, пријатели, имам внуче, фамилија и сакав да се заштитам и себе и нив од какви било проблеми. Мислам дека сум во втората половина од животот кога сум сопственик на својот живот и сакам остатокот да го поминам стабилно. За мене искажувањето љубов не е преку мрежите. Сите кај мене дома се вакцинирани, дури и оние кои работат за нас. Сакам оние кои ги сакам да ги гушнам, јас така искажувам љубов“, рекла пејачката која се вакцинирала со Фајзеровата вакцина.