Skip to main content
x

6 Apr 2021 - 11:00
redakcija
Статија

Во Србија вчера пристигна нова пратка од половина милион дози вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ против коронавирус.

При приемот на вакцините, Брнабиќ изјави дека со тој контингент, Кина доставила вкупно 2,5 милиони вакцини на Србија.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека 20 проценти од населението веќе има примено по две дози од вакцините против корона вирусот, а околу 26 проценти од граѓаните се вакцинирани со една доза.

Брнабиќ прецизира дека во популацијата на возраст од 65-74 години вакцинирани се 51 отсто, а во делот од населението од над 75 години се вакцинирани 41 процент.

Имаме нешто помалку од милион од сите други вакцини. Утре, кога пристигнуваат 106.470 вакцини на „Фајзер“, ќе ја надминеме бројката од 3,5 милиони добиени вакцини. Кога велам добиени, мислам – испорачани, бидејќи плативме за сите вакцини што ги имаме – изјави Брнабиќ