Јордан Митев ја промовира својата нова песна „Татко“, која како и сите останати е негово комплетно авторско дело. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи на домашната естрада.

Песната е полна со искреност и емоции, бидејќи е создадена од вистинска приказна, од искушение низ кое што морал да помине еден син, кој не можел да присуствува на последниот поздрав за неговиот татко.

За песната снимен е и спот. Режијата и сценариото и овој пат се дело на пејачот, а техничката реализација и снимањето со постпродукцијата на видеото ги работеше неговиот долгогодишен соработник ЗАТИ. До крајот на април Митев најавува уште еден проект.