Од први мај значително ПОСКАПУВА ОМИЛЕНАТА ХРАНА на нашите туристи ВО ГРЦИЈА

20.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од први мај значително ПОСКАПУВА ОМИЛЕНАТА ХРАНА на нашите туристи ВО ГРЦИЈА

Судејќи по најновите вести од Грција, цената на легендарната солена омилена храна на нашите туристи, суфлаки ќе порасне за 10 до 15 проценти и тоа веќе од први мај.

Зборувајќи на Грчката телевизија, претседателот на здружението на роштилџии, Горгос Полизос, изјавил дека главен виновник за ова поскапување е повиоската цена на месото, како и повисоките даноци.

Суфлакито, заедно со гирото е едно од најомилените и најпрепознатливите јадења на многуте туристи кои ја посетуваат Грција, а го сочинуваат месо и прилози замотани околи посебна пита леб.

Иако со години неговата цена беше 2,5 евра, после оваа промена, неговата цена ќе биде 3 евра.

Зголемувањето на цената е едниствен начин да се задржи квалиетот на нашиот производ- тврди Полизос.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата