Познатиот бренд Phard се врати во Скопје

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познатиот бренд Phard се врати во Скопје

И официјално на голема радост на љубителите на модата најпознатите италијански брендови PHARD и ZU+ELEMENTS повторно се во срцето на Скопје! 

Дамите своето омилено парче за оваа сезона можат да го одберат од колекцијата на PHARD, а сезонава дефинитивно токму овој бренд треба да е вашиот избор, велат оттаму, ако сакате да бидете во тренд, единствени и урбани во секоја прилика. На работа, додека го пиете вашето денско кафе или за вечерно излегување. PHARD едноставно нуди парчиња кои морате да ги имате!

Во одлична атмосфера денес и официјално беше означен стартот - Phard се врати во Скопје!

Парчиња во боите на пролета и летото, модели кои се едноставно неодоливи. Затоа не ја пропуштајте можноста да го обновите вашиот орман со нови и свежи модели во кои ќе блеснете на секоја забава на која ќе бидете поканети. Бидете уникатни и женствени и оваа пролет/лето сезона со моделите на еден од најпознатите италијански модни брендови - PHARD.

Девојките од модното студио Црнокрак во модели од новата колекција пролет-лето

ZU+ELEMENTS, пак, е колекција наменета за сите урбани фраери кои не се откажуваат од младешкиот изглед. Откријте што ни носи новата ZU+ELEMENTS колекција и кои сеmust have’ парчињата за перфектен изглед. Секоја сезона носи нови бои, модели... А овој пат акцент е ставен на деталите. Она што е во центарот на вниманието, особено кога станува збор за маиците, е ’крстот’ како печат на сезоната. Можеби е навистина време да ги откриете новите трендови на ZU+ELEMENTS, како што гласи препораката.

Новоотворената продавница е лоцирана во Градскиот трговски центар, на приземје (поранешна ЛИСКА - поглед Жена парк), а во неа можат да се најдат парчињата од најновата колекција пролет/лето 2019, и тоа од двата бренда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата