Ахмети: Гласаш за Стево за утре да имаш ПРЕТСЕДАТЕЛ, но И ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ахмети: Гласаш за Стево за утре да имаш ПРЕТСЕДАТЕЛ, но И ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ

Демократската унија за интеграција, затворањето на кампањата за претседателските избори го одржа во Тетово, каде што претседателот Али Ахмети ги повика граѓаните на Тетово, на 21 април да гласаат за консензуалниот кандидат кој е еден од столбовите на Охридскиот мировен договор, пишува Тетовасот.

„Еден од столбовите на договорот е консензуалната демократија. Јас не знам како да им објаснам на противници но како што изгледа и тие самите не знаат што објаснуваат. Јас сум многу уверен и оптимист дека во секое поле во кое што влеговме сме излегле со чист образ и со успех. Затоа, не се двоумете затоа што ова што го правиме не е срамно, бидејќи има и од оние кои велат како да гласаат за еден Македонец.

Треба да се знае дека гласаат за себе, за земјата да биде во НАТО и во ЕУ, гласаш за утре да имаш претседател Албанец, но и премиер Албанец. Не им беше лесно на пратеници кои гласаа за официјализирање на албанскиот јазик, бидејќи зборував со нив, но тоа е консензуална демократија, која ја постигнавме со жртва, со крв, не треба да правиме чекор назад мора да одиме напред со надминување на гневот, предрасудите, рече меѓу другото Али Ахмети на завршниот митинг на ДУИ во Тетово.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата