На средба со претставници од иницијативата „Не отворам врата“, денека ги запознав со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот, соопшти на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид-пандемија која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1.300 наши сограѓани“, се вели во неговата објава.
Како што додава Мицкоски, на средбата била изразена согласнот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Еуростат и европските практики.
makfax.com.mk