Skip to main content
x

3 Apr 2021 - 15:50
redakcija
Статија

Светот бара вакцини, и секој се снаоѓа како може и умее. САД не даваат извоз пред да се задоволат нивните потреби, ЕУ остана изиграна, а руската вакцина Спутник В на црниот пазар се плаќа и 80 долари за доза, или 160 долари за две вакцини до полна вакцинација.

Кенија денес го забрани приватниот увоз на вакцини против корона вирус , од страв поради појава на лажни вакцини и експлозија на трговија со вакцини на црниот пазар.

Државната комисија за итен одговор на епидемијата објави дека одлуката е во интерес на транспарентноста и одговорноста во процесот на вакцинација и “за заштита на интегритетот на земјата”. Владата забрани “увоз, дистрибуција и давање вакцина во приватниот сектор “.

Приватните здравствени установи наплаќаа 80 долари за руската вакцина “Sputnjik V”, а државата дава бесплатни вакцини на Astrazeneca-Oxford од светската иницијатива Ковакс, која беше создадена за да обезбеди дека земјите со ниски и средни приходи имаат чесен пристап до вакцините.

Последните недели владата на Кенија ја промовира вакцинацијата за намалување на отпорот дури и од здравствениот персонал “на првата линија” кои одбиваат да примат Astrazeneca-Oxford вакцина.

Само околу 160.000 луѓе беа вакцинирани повеќе од еден месец дена откако пристигна повеќе од еден милион дози од вакцините.

Владата на Кенија вели дека стапката на позитиви на вирусот на корона експлодирала –  од 2,6 отсто на крајот на јануари на огромни 19,1 отсто на 2 април, а во четвртокот беа тестирани вкупно 9.676 лица.

Британската влада објави дека од 9-ти април, нема да дозволи влез на жителите на Кенија и другите патници кои транзитно поминале низ оваа источноафриканска земја.

Во изјавата од Велика Британија објавена од Министерството за надворешни работи на Кенија, се вели дека значителен број патници од Кенија беа тестирани позитивно на вирусот на вирусот Б.1.351, кој потекнува од Јужна Африка.

Неделен во просек 550 луѓе патуваат од Кенија до Велика Британија.