Полицијата го бара братот на Пендаровски – не можеле да го најдат на неговата адреса!

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата го бара братот на Пендаровски – не можеле да го најдат на неговата адреса!

На огласната табла на Министерството за внатрешни работи, од 24 септември 2018, стои дека полицијата го бара лицето Војче Пендаровски, инаку брат на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.

Во јавната објава, стои дека оделението за прекршоци Скопје 4, не можело да го пронајде Пендаровски на неговата домашна адреса на ул. Ферид Бајрам бр 26.

Од МВР не откриваат, зошто Војче Пендаровски не е пронајден и зошто се трага по него, особено ако се знае дека се работи за лице вработено во Агенцијата за Разузнавање.

Јавни огласи на МВР, се бара Војче Пендаровски

Вчера, Лидер објави дека серија инциденти со вработените во Агенцијата за разузнавање предизвикал Војче Пендаровски, брат на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски – кој работи токму во оваа институција.

Извор на „Лидер“ од агенцијата, сведочи за целосно несвесно делување на братот на Пендаровски, кое поминувало неказнето поради интервенција на сегашниот претседателски кандидат кај менаџментот на агенцијата.

-Кон крајот на 2018, Војче физички нападна колешка која сакаше да ја злостави. Во агенцијата можевме да гледаме како тој ја брка низ ходникот. Требаше да биде отпуштен, но поради интервенција на неговиот брат, само му беше одземено оружјето. За се ова постои службена белешка. – вели за „Лидер“, изворот од агенцијата.

Како што дознаваме, ваквото однесување на братот на Пендаровски се повторувало. По изборите во 2016, тој на неговите колеги им се заканувал дека „им се ближи крајот“.

-„Ви се ближи крајот“, вака ни напиша Војче во апликацијата за комуникација помеѓу вработените во агенцијата. Човекот дефинитивно има сомнителна психичка состојба, но, поради интервенции на неговиот брат не го отуштаат од работа. Постојано чека во дворот на АР да поминат генерали, за да им салутира.– сведочи изворот од АР.

За време на претходната кампања, Пендаровски предизвикал инцидент и во продавницата на АМЦ, каде што се обидел да одземе таблет.

Во предизборната кампања за претседатедателските избори, претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски, го вклучи и своето семејство.

Неговата сопруга, професорката Елизабета Ѓоргиевска постојано го придружува Стево заедно со нивниот син а заедно снимаат и промотивни рекламни спотови. Но, на промотивната конвенција на претседателскиот кандидат се појави и неговиот брат Војче Пендаровски што може да се забележи на фотографиите од конвенцијата.

Како што откри „Лидер“ вчера од извор во Агенцијата за Разузнавање, братот на Пендаровски веќе подолго време е вработен во оваа институција, а со неговото вработување и работа се поврзуваат низа на интересни ситуации.

-Чудно е што Војче Пендаровски се вработува во Агенцијата за Разузнавање токму во моментите кога Стево е директор на секторот за аналитика во МВР и портпарол на министерството. Тој е вработен во нашата служба од 01.11.1999. Ако се има предвид дека АР е под директна надлежност на претседателот на државата, излегува дека Пендаровски (кој подоцна беше советник за национална безбедност на претседателот Трајковски и претседателот Црвенковски) и неговиот брат – работеле во иста институција. Во АР се зборува дека токиму Стево, кој во моментот на вработување на Војче бил на висока државна функција е оној кој го вработил својот брат во Агенцијата. – тврди за „Лидер“, изворот од Агенцијата за разузнавање.

Во исто време, како што дознаваме, симптоматично е и тоа што веќе неколку години, Агенцијата за Разузнавање му го има одземено службеното оружје на Војче Пендаровски затоа што бил дел од неколку инциденти со свои колеги.

-Во минатото имаше неколку напади од негова страна кон колеги. Беше пред бркање, тоа е забележано во неколку службени белешки. Но, секогаш кога ситуацијата ќе дојдеше за Војче да биде избркан од работа – Стево се јавуваше кај менаџментот и со своето политичко влијание го спасуваше од отказ. Сега, поради неговото однесување е оставен без оружје, но префрлен е во архивот на Агенцијата за разузнавање. – вели изворот на „Лидер“ од АР.

Агенцијата за Разузнавање е под надлежност на претседателот, што би значело директен конфликт на интерес доколку Пендаровски стане п0ретседател на државата. Во исто време, затоа што Антикорупциската комисија почна да работи и истражува случаи од минатото, во полза на јавниот интерес би било оваа институција да го истражи вработувањето на Војче Пендаровски и дали неговиот брат кој тогаш бил на висока функција учествувал во истото.

Самиот Стево Пендаровски, кој сега претендира да стане претседател, голем дел од својата кариера го гради токму во безбедносните служби на државата.

Во исто време, вчера тимот на претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова, ја обелодени аферата „Големото око“, според која кампањата Пендаровски нелегално преку апликации за телефонски уреди со андроид оперативен систем, незаконски прибирала лични податоци од граѓаните.

-Според независни ИТ експерти кои ги консултиравме постојат сериозни индиции дека со помош на апликацијата која што е поставена на сервисот за апликации на Гугл Плеј, а која е направена од страна на владејачката СДСМ се прибираат лични податоци и мета дата од телефони на сите што ја симнале аликацијата. Дополнително можеби уште пострашно, според индициите што ги имаме апликацијата се користи од членови на СДСМ кои што со нејзина помош добиваат целосен увид во интернет активностите на сите граѓани. – рече вчера Горан Момировски, член на изборниот штаб на Сиљановска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата