Подбрендот на Xiaomi, Redmi се подготвува да го објави смартфонот Redmi Y3 на 24. април. Компанијата веќе потврди дека телефонот ќе има 32 MP селфи камера и дисплеј со засек во вид на капка. Сега се објавени уште неколку детали за уредот.

Redmi India објави видео на Twitter, кое сугерира батерија од 4000mAh за Redmi Y3. Ова е голема надградба во однос на батерија од 3080mAh, која ја имаше претходниот модел – Redmi Y2.

Листинг на Amazon, исто така, потврдува дека Redmi Y3 ќе има заштита од прскање со вода. Не дели помалку од една недела од објава на телефонот, кога ќе ги дознаеме сите официјални детали за уредот.

 

извор: USB.mk

1

Најчитани вести