Се почести се гласините за тоа дека Motorola ќе објави нови верзии на Motorola One паметните телефони, а познатиот дојавувач @evleaks ни донесува информации дека можеме да очекуваме вкупно четири Motorola One уреди, од кои два се очекуваат на пазарот во претстојниот период.

Со оглед на тоа дека Motorola One и One Power беа претставени пред околу половина година, ќе се фокусираме на двата модела кои не очекуваат и кои се споменати во твитот на Еван Блас, а тоа се Motorola One Vision и One Action.

Motorola One Vision има punch hole отвор во екранот, каде е сместена селфи камерата. Исто така, гласините сугерираат дека телефонот има две камери на задната страна, од кои едната има 48 MP сензор со висока резолуција. Телефонот би требало да го покренува Samsung Exynos 9610 чипсет, спарен со 3GB или 4GB RAM. Дисплејот е со големина од 6.2 инчи со реолуција од 2520 x 1080 пиксели. Исто така, се споменува и батерија од 3500mAh.

Motorola One Action е уред за кој не се знае премногу. Можно е само да се претпостават некои карактеристики, кои се засновани на она што може да се види на протечените рендери на овој уред. Можно е смартфонот да има супериорни видео можности (што сугерира Action во името) со систем од три камери на задната страна.

Засега не е познато кога Motorola планира да ги објави новите One Vision и One Action паметни телефони.

извор: USB.mk

1

Најчитани вести