Samsung Galaxy S10 добива зададен Night mode

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung Galaxy S10 добива зададен Night mode

Најновата надградба на фирмверот донесува интересна надградба на апликацијата камера кај Samsung Galaxy S10 моделите. Корисниците сега ќе можат да креираат соодветни Night снимки, со помош на зададениот Night mode за камерата кај смартфоните од S10 линијата.

Телефонот ја поседуваше Bright Night функцијата, но камерата сама одлучуваше кога да биде стартувана (што обично беше во екстремно темните сцени).

Новиот режим на снимање не го носи името Bright Night и едноставно е означен Night во камера апликацијата, а лесно му се пристапува со поместување низ различните камера модови кои се достапни.

Доделениот Night mode пристигнува во рамките на најновото фирмвер ажурирање за Samsung Galaxy S10, кое веќе е достапно на уредите во Швајцарија и кое наскоро се очекува и во другите држави.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата