Швалерот на Карлеуша ја купи огрлицата на Цеца

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швалерот на Карлеуша ја купи огрлицата на Цеца

Фудбалерот Огњен Врањеш, кој во центарот на вниманието се најде по скандалот за љубовната афера со Јелена Карлеуша, ја купил огрлицата на Цеца што таа ја дала во склоп на една хуманитарна организација во која учествувала. 

Како што пишуваат медиумите во соседството, Врањеш се приклучил во акцијата под лажно име и понудил 2000 евра за да ја купи. И тоа не е се, зашто на сметка на болното момче за кое се организирала акцијата уплатил уште 1000 евра. 

Цеца му се заблагодарила и нему и на сите кои учествувале во акцијата. 

„Посебно сакам да и се заблагодарам на личноста која сакаше да биде анонимна и огрлицата ја купи за 3000 евра, секоја чест и благодарам“, рекла Цеца.

Реакција од Карлеуша засега нема, а тешко дека ќе премолчи особено кога се знае анимозитетот кој го има кон колешката, а богами и кон Врањеш кој буквално и го загорча животот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата