Контроверзниот новинар Бранко Тричковски кој е познат по скандалозни изјави и постови на социјалните мрежи против ВМРО-ДПМНЕ, вчера одново се јави на неговиот Фејсбук профил.

Тој напиша дека ќе се попише како албанец на пописот за да придонесе во исчезнувањето на Македонците а со тоа и исчезнувањето на ВМРО.

„Навивам за Албанците! Ако албанската дијаспора и води на македонската со седум нула, јас ќе почнам да навивам за Албанците, не е исклучено дека нивната голема победа ќе ја поткрепам и со лично изјаснување како Албанец по националност. Изчезнувањето на Македонците ќе биде мала жртва за исчезнувањето на вмро и за усреќувањето на луѓето на овие простори. Вмро е во право:Нема Македонци, нема проблеми. Молам! Точно дека звучи малку висарјоновски, но, така е, стои во постот на Тричковски.