Првиот вицепремиер на владата на Македонија, Артан Груби денеска беше во посета на Приштина, каде што се сретна со челниците на Косово.

Тој на прашање од ТВ21 дали денеска при посетата на Шпанија, министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе побара Шпанија да го признае Косово, одговори потврдно.

„Апсолутно да, прашањето за Косово е на приоритетната листа на г-дин Османи, исто така е приоритет на нашата партија како учесник во Владата на Република Северна Македонија. Разговаравме за ова со г-ѓа Вјоса Османи, дека секогаш ќе ја имаат нашата поддршка, без разлика дали сум јас како заменик-премиер, или министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и на Али Ахмети, бидејќи Косово е наш приоритет“, рече Груби.