РЕКА ГО ЗAKOПA ПЕНДАРОВСКИ: Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од владата на Груевски?

17.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РЕКА ГО ЗAKOПA ПЕНДАРОВСКИ: Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од владата на Груевски?

Кандидатот за претседател Блерим Река, и вечерва го остави Стево Пендаровски без зборови. Тој го запраша Пендаровски како си дозволува постојано да и зборува на Гордана Силјановска Давкова дека ја поддржува партија на Никола Груевски кој се поврзувал со peжим, kpиминал, а во исто време него го поддржуваа две партии кои биле дел од таа Влада.

Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од владата на Груевски?

Дали е среќен што Имер Селмани е дел од неговата кампања?

Мендух Тачи ја води добро вашата кампања, а е ocyден за изборни нepегуларности – рече Река.

Јас сум прв кандидат етнички Македонец кандидат поддржан од партии од сите етнички заедници во земјава. Се задржа за Имер Селмани, дека тој не ја води неговата кампања – рече Пендаровски.

И при вториот обид на Река да добие одговор на прашањата, Пендаровски се обиде да го заобиколи одговорот, па ги спомена Титанки 1 и Титаник 2, но, како што кажа Силјановска Давкова, го заборава Титаник 3.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата