Skip to main content
x

8 Mar 2021 - 22:30
redakcija
Статија

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој 30 години владее со Црна Гора и чија партија не успеа да формира мнозинство на последните парламентарни избори во Црна Гора со што замина во опозиција, важи за еден од најконтроверзните политичари на Балканот.

Поради долгото владеење секако неизбежно е прашањето колку пари има Ѓукановиќ. Гостувајќи во Тв емисија тој на новинарско прашање колку заштеди имате,  одговори дека нема.

“Немам заштеди. Ниту во домашни ниту во странски банки”, рече Ѓукановиќ.

Сепак, и покрај тврдењата на Ѓукановиќ, истражувачкиот тим „Глас Јавности“ тврди дека  има голем број сметки во еминентната банка Коутс која се смета за приватната банка на кралицата на Англија, каде што наводно завршиле значителни средства од нелегални трансакции извршени по наредба на Ѓукановиќ.

„Глас јавности“ тврди дека тој има и удел на островот Свети Марко во Тиват, кој беше дел од српската компанија „Путник“, а го купи компанијата Метропол, на рускиот олигарх Михаил Слипенчук.

Како што велат на барање на Ѓукановиќ, услов за добивање на урбанистичка дозвола била исплата на провизија од 23 милиони евра на сметка во споменатата банка.

Според нивното истражување Ѓукановиќ во имотниот лист има зголемување на имотот во вредност од над 5.000 евра, односно станал сопственик на голема парцела и неколку недвижнини.

Понатаму се додава дека неговата сопруга е сопственик на семејна станбена зграда од 121 квадратни метри и 12 квадратни метри помошна зграда, 500 квадратни метри двор и над 2.500 квадратни метри земјиште.

Воедно „Глас Јавности“ објави дека тој е ко-сопственик на компанијата „Глобал Монтенегро“ и четвртина од „Универзитатс“ – основач на Универзитетот во Доња Горица. 20 000 квадратни метри згради и гаражи и нешто повеќе од 12 000 квадратни метри земјиште во Доња Горица се регистрирани во „Универзитатес“.

Додаваат дека исто така има 20.130 квадратни метри земјиште во Будва под хипотека регистрирано на „Глобал Монтенегро“.