Заев: Мојата температура беше 40 степени откога Мијалков го снема! Немаше друг избор, го стори она што беше неизбежна опција

23.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Мојата температура беше 40 степени откога Мијалков го снема! Немаше друг избор, го стори она што беше неизбежна опција

Премиерот Зоран Заев вечерва одржа прес конференција на која порача дека правдата е задоволена и ќе ја има се почесто.

-И ќе следува ваквов одговор секогаш кога некој ќе сака да си игра со правдата. Во изминатите 40 часа, институциите предводени од мене, во координација со правосудните органи презедовме акција. Со акцијата координирав јас и Сашо Мијалков немаше друга опција освен да се пријави. За овој значаен успех придонес дадоа соодветните министерства, надлежните агенции, Судот и ОЈО. Им благодарам на сите институции. Секако ОЈО и Судот неговото пријавување никако не треба да се смета за олеснителна околност. Не треба да се заборави дека Мијалков првично избега, односно не беше достапен за полицијата. Барам да се истражат пропустите и одговорност ќе има. Јас, Зоран Заев ве гледам во очи и ви укажувам: комрпис за правда нема и нема да има. Ако си грешел, ќе одговараш, тврди Заев.

Тој и додаде дека не верува во оправдувањето на Мијалков како и дека тој имал 40 степени температура откога Мијалков го снемало.

Во изминатите 40 часа спроведовме акција ,беа преземени сите редовни и вонредни мерки, рече на прес конференција премиерот Зоран Заев.

Имаше комплетна покриеност од полицијата, рече Заев. Имаме подготвени институции, кои може да одговорат на задачата. Ова е успешно завршен случај од страна на државата. Алармот треба да биде вклучен пред секој со кривична или друга одговорност и државата докажа дека е подготвена да биде сервис на граѓаните.

„ Отворено зборувам, слабостите со постапките се школо за самите институции. Груевски имаше помош од друга држава и азил. Ова не е таков случај. Ние ги блокиравме сите граници. Сите зелени појаси беа исто затворени и со патроли. Ова покажува дека алармот треба да биде дигнат за сите кои имаат кривична одговорност. Еден човек ако сака може да ѝ се крие на полицијата, но семејството ризикува, имотот е во ризик, нека се замисли како ќе постапува. Мојата беше температура 40 степени, не на Сашо Мијалков. Приказни за мали деца“ рече Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата