Заев: Не играме мајтап, го принудивме да се пријави и да не се обидува да бега!

23.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Не играме мајтап, го принудивме да се пријави и да не се обидува да бега!

„Институциите чукнаа на маса денеска и постапија“, рече Заев по пријавувањето на Сашо Мијалков во Обвинителството.

Премиерот Заев рече дека институциите покажале капацитет. Иако не го нашле тие, сепак, го принудиле самиот да се пријави.

„Институциите не го најдоа, но затоа нападнаа по неговите блиски и имот. Потоа тој самиот се пријави во Обвинителството, откако претходно дојдоа адвокатите“, рече Заев.

На новинарско прашање дали е ова играње мајтап на Мијалков со државата, Заев рече:

„Не е играње мајтап, туку принуда да се пријави и да не се обидува да се крие или да се бега. Институциите си постапија. Да не се заборави дека ние сме слободна држава и првата и слободите се загарантирани за секого, се додека не се покаже спротивното“, рече Заев.

Заев кажа дека проблемот е што избега Груевски, но напомена дека системот е веќе поподготвен и овој пат не дозволиле да избега и Мијалков.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата