Јахоски со целосна поддршка за тутунарите

23.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јахоски со целосна поддршка за тутунарите

Во време на најтешките откупни сезони за тутунот, пратеникот Исмаил Јахоски најавува целосна поддршка за тутунарите и предлог за измена на постоечкиот закон за тутун и тутунски производи.

Тој упати апел до фирмите да не манипулираат со маката на тутунарите и да го откупат тутунот по пазарната цена.

,,Итно да се реши тутунарската мака, да заврши откупот на тутунот и да се преземе вишокот  во законскиот рок, а потоа да се склучуваат договори за новата реколта” апелира Јахоски.

Тој ги потсетува надлежните во најбрз можен рок да најдат решение за проблемите на тутунарите. Според него, добар пример е решението со лозарите кога Владата донесе пакет итни мерки за откупот на грозје и даде поддршка за винарските визби.

Оваа година е проблематична во однос на откупот на тутун, а поради големото незадоволство се организираат протести. Годинешнава реколта изнесува околу 23 илјади тони.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата