Муслиу: Ова не му се случува првпат на Заев, опстанокот на владата во знак на прашање

23.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Муслиу: Ова не му се случува првпат на Заев, опстанокот на владата во знак на прашање

„Ако на ова се одговори инертно, неодговорно, без некој резултат краен кој би бил задоволителен, мислам дека може да се доведе опстанокот на владата во знак на прашање“, рече Алберт Муслиу во јавување за „Утрински Брифинг“ говорејќи за бегството на Сашо Мијалков.

Муслиу додаде дека опстанокот на Владата не е нешто што е трајно, па да не може да се смени.

„Алтернативите се тесни, иначе случувања од ваков вид секогаш можат да бидат знак прашалник за Владата“, појасни Муслиу.

Муслиу посочи дека потребно е и соочување со одговорност, бидејќи ова на Владата не и се случува прв пат. Треба да се стави крај на неказнивост.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата