Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисија на ТВ 24 вината за бегството на Сашо Мијалков ја лоцира кај Обвинителството.

Тој објаснува дека доколку нема судско решение или правосилна судска пресуда, или обвинителската наредба за нечие приведување, МВР не може никого да приведе или да му ги ограничи правата на слобода.

– МВР може да се обратило до Обвинителството, но обвинителството е орган кој бара и е должен за постапката што ја води да ги обезбеди потребните решенија и наредби од судот за определно лице да има засилен надзор притворено, или на било кој друг начин обезбедно. Ако Обвинителството во петокот даваше завршни зборови и не побара никакви мерки во врска со ова лице, тоа само го покажува односот на Обвинителството кон овој предмет – вели Давидовиќ.

 

Тој рече дека за помали предмети се барало ефективен притвор, а сега не го побарале и не им било првпат на обвинителите ова да го сторат.